По посетата на Будинарци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја продолжи посетата на местата погодени од пожарите. Доцна попладнево тој беше во посета на Пехчево.
-Доцна попладнево бев во обиколка на Пехчево и соседните населени места. Поддршката на населението која ја дадовме беше скромна, но од срце. Продолжуваме искрено и енергично, се до стабилизирање на состојбата, објави Мицкоски на својата Фејсбук страница.