четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски во Пирава ги слушна маките на жителите, на власта и порача дека еден ден ќе се срами поради ова што го прави

Мицкоски во Пирава ги слушна маките на жителите, на власта и порача дека еден ден ќе се срами поради ова што го прави

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари посета на Пирава.

-Ме пречека мирен и работлив народ. Еден човек вели земјоделците се заборавени, имаме мака затоа што, освен тоа што ги скратија, власта селективно и рестриктивно дели субвенции. Не ни е јасно зошто воопшто некои не довиваат субвенции. Друг вели, партискиот реваншизам е во подем. Избркаа од нашето место наставничка само затоа што е од различна политичка ориентација, во Валандово избркале и оставиле без работа бремена жена која работела во Струмичката болница, и сега е без работа. Им реков дека политичката кариера мојата или на актуелниот премиер еден ден ќе завршат, многу поважно е што ќе оставиме зад себе и кој по што ќе се памети. Убеден сум дека еден ден ќе се срамат поради тоа што сега го прават, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Најнови вести