четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски во посета на УТМС

Мицкоски во посета на УТМС

Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Христијан Мицкоски го посети Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Со ректорот на универзитетот, Проф. д-р Аце Миленковски разменија искуства за високото образование во републиката и се согласија дека на македонското образование му се потребни реформи и нови законски решенија како би се доближило до образовните системи на Европската Унија, Америка и светот воопшто.

Видно расположени и задоволни од остварената средба направија обиколка на универзитетските простории каде Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Христијан Мицкоски се запозна со дел од академскиот кадар на универзитетот.

 

Најнови вести