понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски во посета во Гевгелија: Економијата ќе ни биде најважниот фокус и борбата за подобар живот

Мицкоски во посета во Гевгелија: Економијата ќе ни биде најважниот фокус и борбата за подобар живот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во посета на Гевгелија, при што посети неколку гевгелиски компании, од каде што и порача дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ и мерките во програмата ќе бидат направени во консултација со оние за кои се наменети.

Во продолжение цела објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

Денес во рамките на акцијата “Мицкоски со граѓаните”, во посета сум во Гевгелија. Посетив до сега две домашни компании, компанијата за преработка на овошје и зеленчук Випро, која вработува околу 60 тина редовни и над 150 сезонски работници, и конфекцијата МГС Транс која исто така вработува над 100 тина луѓе.
Исклучително важно е добивањето на информации и размена на искуства за да се спроведат мерки и политики кои ќе ја сменат тешката реалност.

Морам да посочам дека на моја огромна жал имаме цел еден месец на порази. За само еден месец рангирањата на релевантни институции го покажаа назадувањето.

Излезе мерењето со кое Македонија де опиша како хибриден режим, на чекор до авторитарно владеење.

Транспаренси не рангираше како најкорумпирана држава во Европа.

Економист излезе со податок дека Македонија е 8ма во Светот по најголем одлив на мозоци.

Претходно Економист излезе со податок дека Македонија е меѓу првите 10 во светот по најголема невработеност на млади.

ММФ излезе со извештај за бројни слабости во економијата и со прогноза за понизок раст од проектираниот на владата.

Беше речено дека имаме најниски плати во регионот.

Сите овие работи за еден месец. Тоа покажува дека Владата на Заев ја води земјата на погрешен пат и тоа е соочување со реалноста. Затоа ние ќе направиме се што е во наша моќ тоа да го смениме. Нашата програма и нашите мерки во програмата ќе бидат направени во консултација со оние за кои се наменети. И заедно ќе ги имплементираме. Економијата ќе е најважниот фокус и борбата за подобар живот. Затоа е потребна обнова на секој сегмент од нашето општество.

Најнови вести