вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски во рамките на посетата на Ротердам, по повод Конгресот на ЕПП оствари средба со Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент

Мицкоски во рамките на посетата на Ротердам, по повод Конгресот на ЕПП оствари средба со Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. др. Христијан Мицкоски, во рамките на посетата на Ротердам, по повод Конгресот на ЕПП оствари средба со Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент.

Роберта Мецола е дел од ЕПП.

На средбата беше истакната потребата од отпочнување на преговорите за влез на Македонија во ЕУ. А, од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека нашиот народ тоа го заслужува, и дека на Македонија местото и е во ЕУ, но беше укажано и на бугарските уцени кои се се само не европски, а со кои се негира нашиот јазик и идентитет.

Од страна на госпоѓата Мецола беше истакната поддршката која Македонија ја има од институциите на Унијата и дека тоа ќе продолжи и понатаму.

Претседателот Мицкоски изрази длабоко уверување дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи силно на патот кон ЕУ.

Најнови вести