Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во Валандово пред граѓаните коментирајќи ја одлуката на Заев никој да не одговара за починатите 14 луѓе, праша дали е тоа европска вредност.
Додаде дека во Романија кога гори болница паѓа влада, додека кај нас власта убедува дека е виновен кабелот.
-Во Романија, земја членка на ЕУ, кога гори болница паѓа влада, поднесуваат оставки и не ги убедуваат граѓаните дека 14 луѓе како кај нас во болница во Тетово изгореа затоа што кабелот не чинеше, истакна Мицкоски.
„Европска вредност ли е да сме најкорумпираната држава во Европа? Европска вредност ли е половина милион граѓани да живеат со само 150 денари?Европска вредност ли е криминалците наместо во затвор, да се на слики со премиерот и министерот за полиција“, праша Мицкоски.