Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната посета на Охрид, присуствуваше и на традиционална струшка литија.
-Во Струга на традиционална струшка литија, напиша Мицкоски на Фејсбук и сподели фотогалерија од струшката литија.
Со отслужување на ктиторската вечерна богослужба во храмот „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга и молитвена поворка низ градот, попладнево се одржа познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.
Молитвената поворка од храмот на светителот, според традицијата, се движеше низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се вратија во црквата, каде верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј.