Несигурноста е сеприсутна, а огромен број на семејства едвај врзуваат крај со крај. Затоа и се иселуваат, а бројките се немилосрдни. За 3 години дури 200 илјади лица ги напуштиле родните огништа и ја побарале среќата некаде надвор, вели во интервју за Прес24 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Јас изминативе две години неколку пати ја поминав државата и низ сите градови и поголеми населени места. Точно знам што им е потребно и кои ќе бидат решенијата. Сега сум на терен меѓу луѓето во рамките на акцијата “Мицкоски со граѓаните”, а паралелно се одвива и акцијата “Обновата пред вашиот дом”. Број еден проблем на граѓаните се лошите услови за живот, економијата и растечката сиромаштија, вели мицковски во интревјуто.
За 3 години дури 200 илјади лица ги напуштиле родните огништа, а како причина за тоа се криминалот, корупцијата и неправдите, додава МИцкоски.
-Несигурноста е сеприсутна, а огромен број на семејства едвај врзуваат крај со крај. Затоа и се иселуваат, а бројките се немилосрдни. За 3 години дури 200 илјади лица ги напуштиле родните огништа и ја побарале среќата некаде надвор. Цели градови дополнително се празнат кога ќе треба да се оствари некоја сеознска работа во европските држави. А луѓето заминуваат затоа што се несреќни и немаат пари. Но пред се затоа што не гледаа иднина. Македонија е меѓу десетте земји со најголема невработеност на млади во Светот. Втор голем проблем е криминалот, корупцијата и неправдите. Македонија има урнисано судство и држава чии правни темели се на стаклени нозе, а тие се такви поради Зоран Заев и криминалните стурктури кои му слугуваат. Корупцијата е потврден проблем и од најрелевантните институции. Трансаренси не рангираше за најкорумпирана земја во Европа. А Заев за три години една правда не донесе, еден случај не реши, а како ќе реши кога во неговиот скут седат голем дел од оние кој порано тој ги нарекуваше криминалци и секако оние новофмирани газди со кој хара по државата. Третиот корупус на проблеми со кој се соочуваат граѓаните е загадниот воздух и екологијата, додава понатаму во интервјуто за Прес24 Мицкоски.