За тоа дека ќе нема да се затвораат Осломеј и РЕК Битола, премиерот очигледно не ја говори вистина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање поставено пред неговото учеството на настанот насловен како Политички дијалог на ЕПП – партиите од регионот.
– Ковачевски не ја говори вистината или го нема прочитано предлог законот. Ако го прочита предлог законот кој е доставен во парламентот, а се однесува на ликвидноста на ЕСМ поранешно ЕЛЕМ јасно ќе забележи дека станува збор за услов за да се добијат тие пари. А тоа значи затворање на Осломеј до 2023 година и затворање на РЕК Битола до 2027 година, вели Мицкоски.
Според него тоа е егзактна работа и тоа не е предмет на дебата и филозофија.
– Ако го прочитате законот јасно кажува дека за да биде ефектуиран тој заем од 100 милиони евра се бара затворање на овие два производни капацитети и интегрирање на македонскиот пазар прво со грчкиот во четвртиот квартал во 2022 година, а во 2023 година и со бугарскиот. Или јас тоа би го нарекол енергетска анексија на Македонија, заклучи Мицкоски.