среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски за Илинден во Ташмаруништа, делегации на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево и Пелинце

Мицкоски за Илинден во Ташмаруништа, делегации на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево и Пелинце

По повод утрешниот државен празник 2-ри Август – Илинден, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе го посети с. Ташмаруништа (Струга), при што ќе присуствува на настан по повод државниот празник Илинден со почеток од 10 часот. И на истиот настан ќе одржи и говор пред присутните.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николоски, во состав од членот на ИК Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска, со почеток во 12 часот ќе положи свежо цвеќе на Мечкин Камен, Крушево, по што потпретседателот Николоски ќе даде изјава за медиуми.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, а во состав од пратеникот Бране Петрушевски и претседателот на УМС Сергеј Попов, со почеток во 10 часот ќе положи свежо цвеќе на меморијалниот центар Пелинце.

Најнови вести