вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски за иницијативата за уставните измени: Македонија треба да се развива не врз основа на проценти туку врз основа на знаење и способности, затоа ајде да зборуваме и за укинување на бадинтерот и балансерот

Мицкоски за иницијативата за уставните измени: Македонија треба да се развива не врз основа на проценти туку врз основа на знаење и способности, затоа ајде да зборуваме и за укинување на бадинтерот и балансерот

Правата кои што треба да бидат исполнети во Македонија се правата на тие кои што се резидентно население. Затоа што сите оние кои што живеат надвор од границите на Македонија, кои што не се резидентно население, кои што се дијаспора тие своите права образовни, економски и така натаму ги реализираат во државите во кои што живеат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија.

Мицкоски додаде дека за она што цени дека треба да се оди во јавна дебата е дали се уште ќе се зборува за проценти и дали се уште ќе се зборува за колективни права врз основа на проценти.

„Дали некој не мисли дека тие проценти го надминале своето време и својата употреба кога тогаш требало да бидат наметнати? И дали можеби сега треба да зборуваме за едно поинакво општество? А, тоа е општество на квалитет, општество на компетенции, јас сакам за тоа да зборувам. Инаку да, ако зборуваме за статистика во Македонија, зборуваме само исклучиво за резидентно население“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Македонија треба да се развива не врз основа на проценти туку врз основа на знаење и способности.

„На политичката сцена ако гледаме сега суштински сакам државнички и суштински да ги зборуваме работите во која насока треба да ја развиваме нашата заедничка Македонија. И сега една група на политички субјекти велат зошто да стои процент во Уставот, зошто не таа етничка заедница да биде преставена со полното име. А, една група на политички партии има кај што велат ајде луѓе на една изборна единица да одиме на избори а кои што се дел од коалицијата на СДСМ. Има друга структура која што има некое трето барање. Ако ние планираме Македонија како држава да ја градиме како држава на сите граѓани, зашто ние почнавме така кампања – Македонија за сите луѓе, и држава која што ќе се темели на компетенции, знаење и вештини тогаш да сакам да зборувам за сите овие теми. Но да ја отвориме и темата за бадинтер, да ја отвориме и темата и за балансер, можеби има луѓе кои што не сакаат да бидат дел од бадинтерот и од делот на балансерот како процент. Можеби сакаат тие еден мнозински етнички заедници да бидат дел од државните институции, дел од Македонија затоа што тие имаат вештини, компетенции и знаење. Јас познавам многу такви луѓе кои што се спротивставуваат на тоа и викаат не сакам да бидам во квота, сакам да излезам и да бидам ценет или ценета затоа што поседувам вештини, знаење и компетенции“, појасни Мицкоски.

Мицкоски рече дека ако во таа насока се оди подготвен е да разговара за се. Да разговара за една изборна единица, да разговара за менување на процентите во Уставот, да разговара за укинување на бадинтерот, да разговара за укинување на балансерот, итн. и така ќе се гради една граѓанска држава која што ќе се темели на вистинските вредности. А, тоа се знаење, компетенции и вештини.

„Јас Македонија како држава сакам да ја видам како држава на рамноправни граѓани, Македонија на сите луѓе, каде што нема да се напредува поради проценти, туку ради знаење, вештини и компетенции“, нагласи Мицкоски.

Најнови вести