сабота, 20. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски за коалицијата со АА и А: Си подадовме рака и на овие избори функционираме брилијантно

Мицкоски за коалицијата со АА и А: Си подадовме рака и на овие избори функционираме брилијантно

СДСМ нема коалиција на локално ниво, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Имаат коалиција на централно ниво, но имаат коалиција и со Движењето Беса и со Демократската партија на Албанците и со Демократската унија за интеграција, но кога станува збор, сега на овие избори, за избор на градоначалници, еве да речеме во Тетово – и СДСМ има свој кандидат и госпоѓата Теута Арифи е од ДУИ, и Сади Беџети од ДПА и Биљал Касами од Беса. Слична е ситуацијата и во Струга. Сакам да кажам таму нема ниту формална поддршка, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ21.

Тој вели дека тие се чекор понапред во овие избори затоа што тие јасно го дефинираат нивниот став и поддршка кон опредечен кандидат.

Ќе го прашате Зоран Заев кого поддржувате во Тетово, во Струга, во Гостивар… Ние сме чекор понапред, затоа што јасно го дефинираме нашиот став и поддршка кон определен кандидат за кој цениме дека ја заслужува поддршката на оние луѓе кои се идентификуваат со ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, имајќи го предвид сево ова, ценам дека иднината не треба да прави компромиси со погрешните работи од овие 30 години.Тоа сме го профатиле, ајде да видиме како може на граѓаните да им понудиме надеж наместо порази.

Мицкоски објасни дека коалицијата со АА и А се темели на неколку главни столбови, а тоа се еконоски напредок, иднина за младите, борба со криминалот, владеење на правото, социјална сигурност.

Покрај Мицкоски, во студиото гостуваат и поранешниот градоначалник и политички аналитичар Имер Селмани и професорот Марјан Бојаџиев.

Најнови вести