вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски за младите: 0 персонален данок за млади до 29 години, раст на БДП најмалку 4% годишно

Мицкоски за младите: 0 персонален данок за млади до 29 години, раст на БДП најмалку 4% годишно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес одржа прес-конференција на која објави пакет мерки за граѓаните и бизнисот.

Се обврза да работи за младите да имаат подобри услови за живот, а даде и ветувања кои се однесуваат на нив.

-Повеќе работни места, повеќе среќни лица, повеќе работа за младите, повеќе работа за способните, повеќе работа за стручните. Под 10 проценти невработеност за помала сиромаштија и решавање на проблемите. Се обврзуваме за обнова која ќе донесе повеќе работа за младите, 0% персонален данок за млади до 29 години. Ова ќе значи ослободување од персонален данок за вработување на млади до 29 години кој имаат годишен нето приход до 6.5 илјади евра, рече тој.

Мицкоски истакна дека негова цел е младите да имаат шанса тука да ја градат иднината.

-Дополнително, преку градење на модерна иновациска инфраструктура која подразбира отворање на иновациски центри, бизнис инкубатори и акцелератори, научни и технолошки паркови ќе им овозможиме на младите и креативните луѓе целосна поддршка во реализација на нивните бизнис идеи. Ние сме силно убедени дека Македонија има млади талентирани луѓе кои имаат силни претприемачки и иновативни идеи и затоа ќе работиме на создавање најповолни услови за искористување на нивниот потенцијал, истакна тој.

Најнови вести