вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: За само една година, власта го задолжи секое семејство за 77.500 денари, долгот зголемен за нови 630 милиони евра

Мицкоски: За само една година, власта го задолжи секое семејство за 77.500 денари, долгот зголемен за нови 630 милиони евра

Нов долг за секое четиричлено семејство од 77.500 денари за само една година.
Како ја завршивме економски 2021 година:
– Приходи во буџет околу 3,55 милијарди €
– Расходи во буџет околу 4,18 милијарди €
Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди € или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони €, стои во Фејсбук статусот на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој напиша дека проектираниот бруто домашен производ за 2021 година бил 11,714 милијарди € што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260€ или за 77.500 денари.

Најнови вести