Во делот на енергетиката СДСМ ветуваа многу во програмата „За живот“ со која настапија на изборите во 2016 година голем дел од тие проекти ги повторија во оној план за 5 милијарди евра инвестиции во 2019 година, ги препишаа за време на предвремените парламентарни избори во 2020 година, а дел од тие проекти ги слушнавме и на прес конференцијата на Зоран Заев каде вети нов инвестициски бран од замислете ни повеќе ни помалку 8 милијарди евра. По принципот на Фејсбук, Гугл, Фолксваген, претпоставувам и овие 8 милијарди евра ќе завршат само како бројка напишана на хартија, а за жал во реалноста ни трага ни глас.
Ова го истакна лидерот на СДСМ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, во делот на енергетиката.
-Да се вратиме во енергетиката, ветуваа пренамена на ТЕЦ Неготино во енергетско земјоделски комбинат, за волја на вистината и ова тогаш кога прв пат го прочитав со вчудоневидување се обидував неколку пати да го препрочитам да видам што значи. Но, како и тогаш што не успеав да разберам, така и денес не успевам да разберам што сакале да кажат. Но, што е важно, важно е дека од овој енергетско земјоделски комбинат нема ни трага ни глас 4 години потоа, рече Мицкоски и додаде:
„Ветуваа изградба на ХЕЦ Чебрене и Галиште, 4 години потоа имаме тендер со кој се бара партнер за јавно приватно партнерство и слушнавме на прес конференцијата на Зоран Заев дека само што не завршил тендерот и дека само што не бил избран партнерот што ќе се случело таму некаде октомври месец, трета година октомври месец го чекаме а изградбата ќе почнела таму некаде на пролет 2022 година. Само човек кој е тотално одлепен од реалноста може за една вака сложена хидроцентрала да даде таков рок затоа што тоа не само што не е возможно, туку и во спилберговата кинематографија не би му текнало дека ќе може за три месеци да се изгради ваков хидроенергетски комплекс како што се Чебрен и Галиште.
Но, на лагата на Зоран Заев и нема крај, па така денеска од Чебрен и Галиште 4 години потоа нема ни трага ни глас, а новиот партнер во ова јавно приватно партнерство треба да ја добие ни повеќе ни помалку, туку веќе изградената хидроцентрала Тиквеш којашто десетици илјади македонски семејства ги снабдува со евтин енергенс, евтина електрична енергија, по принципот на кој СДСМ во минатото се навикнати, а јас ќе ве потсетам на тој т.н бонбона бизнис од оној период кога тие беа на власт од 2002 до 2006 година“.