петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски за власта: Ако повеќе работеа, а помалку беа насочени на куферчиња и криминал, автопатот Кичево- Охрид ќе беше изграден

Мицкоски за власта: Ако повеќе работеа, а помалку беа насочени на куферчиња и криминал, автопатот Кичево- Охрид ќе беше изграден

Што може да се очекува од човек кој што главна водилка во неговата политичка кариера се тендерите, провизиите и куферчињата, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на премиерот Зоран Заев, дека ВМРО-ДПМНЕ ја блокира изградбата на автопатот Кичево – Охрид.

Претседателот Мицкоски истакна дека доколку Зоран Заев и СДСМ малку повеќе работеа на проекти, а помалку на провизии и криминал, тогаш до сега автопатот Кичево – Охрид ќе беше изграден.

-Нормално е дека ќе бара одговорност, иако веќе 5 година е власт во државата. Јас не очекувам нешто различно тој да каже отколку да ја префрли топката пред 5, 6, 7, 8, 10 години што се случувало. Во суштина 5 години гледаме многу криминал, многу пљачка, многу наместени тендери и многу куферчиња што се разнесуваат низ Македонија. Доколку повеќе мислеше на работи и проекти, а помалку на куферчиња, криминал и провизии, тогаш автопатот ќе беше веќе готов и немаше да имаме толку луѓе, кои што за жал трагично го загубија својот живот, а охриѓани ќе можеа побрзо да патуваат и всушност сите оние туристи кои што сакаат да дојдат во Охрид ќе можеа побрзо да стигнат. Но, за жал уште малку ќе треба да ја истрпиме оваа власт на СДСМ и Зоран Заев и после 17ти октомври следуваат промени во Македонија на подобро, изјави претседателот Мицкоски.

Најнови вести