сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Заев иако се фали дека овие гласови ги има во џеб, вие сте слободни идивидуи, кои имате свој став

Мицкоски: Заев иако се фали дека овие гласови ги има во џеб, вие сте слободни идивидуи, кои имате свој став

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот централен митинг во Скопје истакна дека иако Заев се фали дека има гласови во џеб, се лаже, затоа што тоа се слободни индивидуи кои имаат свој став.

Мицкоски ја побара поддршката од сите граѓани и од Македонците, и од Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите и Бошњаците и ги повика граѓаните да не веруваат во лагите на Заев со кои сака само да ги одврати од промените.

– Нашата борба е да уриваме ѕидови кои нè раздвојуваат, ние кои израснавме на овој асфалт едни со други никогаш нема да кренеме рака едни против други. Да им покажеме дека сите заедно сме сопственици на своите судбини, и дека ниту една власт ја нема во џеб вашата волја. Доста беа лаги и измами, ајде да работиме за иднината. Да се оттргнеме од коалицијата на бандитите и политичарите, да направиме коалиција на народот против бандитите, рече Мицкоски.

Тој ги повика и оние кои традиционално гласале за СДСМ но си ја сакаат Македонија и Македонија и длабоко во себе знаат дека со Заев нема иднина.

– Знаат дека гласот за Заев е глас и за срамот кој ѝ го носи на Македонија, и глас за криминалците околу него, сеедно дали е батето или некој друг од тоа опкружување. Таа партија сега им припаѓа на триесет до четириесет луѓе кои ги ползуваат придобивките од власта и неколкумина климачи околу нив. Затоа не гласајте за Заев и казнете ги политиките кои ни носат порази и ни ја одземаат колективната иднина, рече Мицкоски.

Мицкоски ги повика да излезат да гласаат оние на кои црвената и црната боја им се во срцата, затооа што на овие избори сите ние имаме заеднички противник, името му е СДСМ и Зоран Заев, со кого секој ден Македонија ја има сè помалку.

– Македонија и мене и вам ни е најважна. И знајте дека ВМРО и Македонија секогаш биле сопатници низ времето и сè додека го чуваме огнот во нашите срца, ќе дојде време и за поголем пламен од кој Македонија ќе се врати, изјави Мицкоски.

Најнови вести