четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Заев потврди дека катастрофата не е само во економијата, туку и во дипломатијата

Мицкоски: Заев потврди дека катастрофата не е само во економијата, туку и во дипломатијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија истакна дека власта на чело со Зоран Заев не само што води катастрофална економска политика, туку катастрофална политика се води и во дипломатијата.

-Изминативе 6 месеци ние имавме едно калкулантско водење на преговори, егзибиционистичко. Јас знам дека они немаат капацитет да се справат со реалните проблеми на граѓаните од областа на економијата, здравството, образованието и знам дека немаат визија како во иднина да ја водат државата, но исто така со овие преговори они потврдија дека и во дипломатијата водат катастрофална политика и апсолутна катастрофа донесоа за Република Македонија и граѓаните, рече Мицкоски додаде дека договорот со Грција е капитулантски.

„За ВМРО-ДПМНЕ договорот со Грција е капитулантски, договор кој во многу основи значи прифаќање комплетно на грчките позиции, да не речам 100%. Во случајов нашата страна апсолутно капитулираше, односно го прифати ултиматумот од спротивната страна“.

Најнови вести