петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Земјата се наоѓа во длабока економска и здравствена криза, а за тоа никој не одговара

Мицкоски: Земјата се наоѓа во длабока економска и здравствена криза, а за тоа никој не одговара

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за НетПрес зборуваше за македонската економија односно како државата да излезе од кризата и посочи дека оваа власта нема рецепт и стратегија како македонската економија да се движи напред.

-Оваа власт нема рецепт и нема стратегија како македонската економија да се движи напред. Ние зборувавме дека е потребна робусна, интензивна реализација на капиталните инвестиции па, дури и предвремена реализација на капиталните инвестиции за годините однапред. Но, за жал, тоа ние не го гледаме. Вчера ја добив реализацијата на Буџетот за 2020 година и еве ексклузивно за НетПрес ќе кажам дека реализацијата на капиталните инвестиции е не повеќе од 250 милиони евра, иако беше планирана да биде четврт на почетокот на оној примарен Буџет кој беше формиран во 2019 година. Не само што не успеаа да ги реализираат капиталните инвестиции, туку истите тие успеаа да ги намалат на ниво од 60-ина проценти. А што значи не реализацијата на капиталните инвестиции. Тоа значи помалку пари во оптек и помалку плата за вработените во компаниите кои што практично очекуваат овие пари да бидат завртени во економијата. Ако државата парите коишто ги предвидува за капитални инвестиции не ги врати назад кон економијата, тогаш вие не можете да очекувате дека економијата ќе излезе брзо од сето ова што нам ни се случува, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоски зборуваше и за здравствената криза и потенцираше дека оваа власта катастрофално се справува со здравствена криза и според него најголем проблем е што никој не носи одговорност за губењето на човечки животи.
-Катастрофално, циркузантски се справува сегашната власт со оваа криза. За жал, по цена на човечки животи кои се губат и семејни трагедии се случуваат. Би рекол земјава е прва според црните показатели во оваа здравствена криза, ако се земат предвид некои други објективни параметри. Но, тоа не е најголемиот проблем. Проблемот е што никој не сноси одговорност. И не е само смртноста во оваа криза она што загрижува и плаши. Кажете што се направи во здравството.

Еве повторно ќе кажам 900 милиони евра се задолжи државата, има дефицит, еве и 100 милиони ги спасивме некако, но ете со тие 800 милиони што се направи во здравството. Се реновираше некоја болница? Се изградија нови болници? Еве Србија направи две болници во рок од неколку месеци. Што направивме ние? Вакцините ќе ги донесеме последни во регионот и ќе ни пристигнат 5-6.000 дози што се само за 2 до 3 илјади луѓе, а до крајот на 2021-та година ќе ги добиеме останатите дози кога веќе и ќе имаме колективен имунитет. И на најголем дел од населението нема да му треба и ќе ни останат во магацините со поминат рок, па до година ќе ги критикуваме зошто ги фрливте парите. Требаше или да бидете први, или сега нема никаква потреба. Затоа што, според сите предвидувања, колективниот имунитет ќе го стекнеме некаде април-мај, ако вака продолжиме со ова динамика. Чуму ни се после тоа вакцини!? Или за до година, кога ќе им помине рокот, кога ќе ги фрламе? Е, отприлика, таква е математиката на Зоран Заев, додаде Мицкоски.

Најнови вести