сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Зголемените приходи во буџетот со кој се фали владата се вештачки собрани пари, а куповната моќ не се зголемува

Мицкоски: Зголемените приходи во буџетот со кој се фали владата се вештачки собрани пари, а куповната моќ не се зголемува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување на телевизија Телма, рече дека власта се фали со вештачки собрани пари во Буџетот, во ситуација кога куповната моќ на граѓаните се намалува.

Покрај намалувањето на куповната моќ немаме никаков раст, вели Мицкоски кој додава дека минималната плата е вештачки поткрената и дека иако истата е поголема, немаме зголемена продуктивност.

Претседателот на партијата беше дециден дека оваа влада направила економско цунами во државата.

– Пред некој ден прочитав дека се фалат имале зголемени приходи во Буџетот и точно е околу 25 милиони евра имаат зголемени приходи во првите два месеци, споредено со истиот период минатата година. Но каде е вистината? 30 милиони имаат зголемени приходи во делот на персонален данок на доход и акциза. Тоа значи дека вештачки ја поткренаа минималната плата, притоа не ја зголемија продуктивноста. Бидејќи гледаме дека БДП ни е нула економијата, ни е нула, не се зголеми, а се зголеми платата. Прашањето е како како тоа се случува, вели Мицкоски.

Тој потсети дека власта ја покачи и акцизата на нафтата.

-Но она што загрижува, ако на овие 30 милиони евара се одземат 5 милиони евра кои што се нето данок на добивка кои што ги акумулира Буџетот ќе видите дека населението не троши. Куповната моќ на населението е намалена. Немате пари во економијата, ликвидноста е доведена во прашање. Вештачки собираат повеќе пари, а притоа куповната моќ на населението е опадната и тоа е фактор кој загрижува, вели Мицкоски.

Мицкоски кажа дека зборува исклучиво врз основа на бројки. Тој кажа и дека на десетина состаноци кои ги имал со бизнисмените во државата, истите буквално солзи ронеле.

Најнови вести