вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Животот не учи дека не постои бесплатен ручек, сега владата ќе се презадолжи, со пари кои ќе ги враќаат идните генерации

Мицкоски: Животот не учи дека не постои бесплатен ручек, сега владата ќе се презадолжи, со пари кои ќе ги враќаат идните генерации

Во моментов ако ја погледнете состојбата на Буџетот, приливи и расходи, ќе видите дека вчера затвори денот, тоа е 9-ти март со од прилика 13 милијарди денари дефицит. Тоа е 215-216 милиони евра. Значи 215-216 милиони евра, тие повеќе повеќе потрошиле отколку што имаат приход. И велат дека е во фантастична добра кондиција. И они ќе продолжат да трошат, затоа што планот нивен да продолжат да позајмат пари од домашниот пазар во моментов претпоставувам не е возможен така како што тие планирале, бидејќи и тие што позајмувале пари банките се практично до плафон задолжени, односно имаат позајмено. И сега прашањето е дали ќе успеат да обезбедат пари на меѓународен пазар, запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека има некои неофицијални информации дека на секундарен пазар тешко се препродаваат обврзниците.

– Животот вели дека никогаш немате бесплатен ручек. На крајот од денот сметката стига. Така што тие ќе мора да ги обезбедат тие пари од таков тип на позајмување, а за жал таа неспособност и отсуство на стратегија ќе ја плаќаат нашите деца, односно ќе ја плаќаат идните генерации, нагласи Мицкоски.

Најнови вести