сабота, 20. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Злоупотребите и неправилностите кои ги прави власта ќе имаат спротивен ефект, денеска ќе победи надежта и новата иднина

Мицкоски: Злоупотребите и неправилностите кои ги прави власта ќе имаат спротивен ефект, денеска ќе победи надежта и новата иднина

Денеска најпрвин сакам да им честитам на граѓаните кои што барем до овој момент масовно излегуваат и ја изразуваат својата слободна волја. И од она кое што можам да го добијам како информација од терен е дека волјата и надежта за новата иднина се присутни кај народот во Македонија и тие практично со своето гласање масовно во утрината го покажуваат, ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски.

-За жал можеме да забележиме многу неправилности изминативе денови, многу злоупотреба на државни институции од страна на оваа власт која што е во заминување. За мене тоа претставува еден би рекол многу недемократски и насилнички обид да се добие волјата на граѓаните. Но, мислам дека сето тоа ќе има спротивен ефект и дека денеска ќе победи новата иднина, ќе победи надежта, ќе победат проектите, ќе победат промените. Од едната страна ја имаме власта со институциите и злоупотребата на истите, а од другата страна сме ние заедно со народот, вели Мицкоски.

Најнови вести