среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицксоки: Ние нема да водиме ниту брутална, ниту валкана кампања, таа му доликува на нашиот противник

Мицксоки: Ние нема да водиме ниту брутална, ниту валкана кампања, таа му доликува на нашиот противник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во централните вести на телевизија Сител на ккои се вклучи од Охид каде денес е во посета, се осврна за тоа каква камшања ќе води ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови.

„Традиционално од Охрид започнува овој неколку неделен караван кој очекуваме да заврши победнички за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ние нема да водиме ниту брутална, ниту валкана кампања очекуваме дека таква кампања дека ќе води политичкиот противник, кампања која ќе изобилува со измислици, напади. Ние ќе се концентрираме на сето она што можеа, а за жал не го направија, ние ќе ставиме акцент на сите неуспеси и неправди кои ги доживеаја граѓаните и Република Македонија“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека главно во капањата ќе биде презентирање на проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги има во програмата и додаде дека програма „Проект Обнова“ е подготвена од домашни и страснки експерти, партиски и непартиски личности, оние кои се или не се политики активни.

„Ние имаме прецизна програма со проекти и таков тип на кампања ќе водиме, ќе претставуваме проекти. Тоа е допилнителен мотив да ги поттикнеме граѓаните да излезат на 15 јули“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека очекува граѓаните да поддржат промени и гордо исправена Македонија.

Најнови вести