вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Михаилов: Ќе одговарате за сиот криминал од епски размери

Михаилов: Ќе одговарате за сиот криминал од епски размери

Како за сите, така животот во Македонија “дојде” и за Зоран Атанасов – вработен во “Македонски Шуми” – Делчево!

Зоки со тежок облик на астма го тераат да работи тешки физички работи додека стотина вработени во претпријатието ширум Македонија земаат плата, а воопшто не одат на работа!
Абре луѓе, ЌЕ ОДГОВАРАТЕ!

ЌЕ ОДГОВАРАТЕ за секоја минута во која го гњавите Зоки и сите слични како него!

И не само тоа!!

ЌЕ ОДГОВАРАТЕ за сиот криминал од епски размери што го направивте и правите!

ЌЕ ОДГОВАРАТЕ што газот го дадовте под кирија на приватниците и им слугувате, а цената за тоа ја плаќа обичниот граѓанин!

ЌЕ ОДГОВАРАТЕ за тоа што дрвата оваа година граѓаните ги плаќаа безмалку по 100€ и покрај тоа што во реалноста таа е неиздржана цена и е цена за лично енормно богатење на поединци!

ЌЕ ОДГОВАРАТЕ ЗА СЀ!!

За крај, пренесете му на директорот Љупчо од Делчево да не ја слуша Мира Дизел и да престане да го гњави човекот затоа што ако не дај Боже нешто му се случи на работното место, одговорноста е негова!

За да му стане кристално јасно, пренесете му една не многу стара, но вистинска приказна од “Македонски Шуми”!

Не многу одамна, имаше една “паметна” група луѓе што го послушаа метеорологот од Кавадарци и ме гњавеа мене, ама завршија како ОСУДЕНИ лица!

Двајцата од оваа “паметна” група може да ги побара во подружниците во Виница и Берово, не му се многу далеку, нека ги потпраша, 😉!

И најважното, ниту Зоран метеорологот од Кавадарци, ниту Зоран Заев црпнатиот од нива сега веќе не може и не сака да ги спаси – нивната приказна е завршена, тие се

ПРАВОСИЛНО ОСУДЕНИ ЛИЦА!!

Фејсбук статус на Кире Михаилов од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести