четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Михаилов: Министерот за земјоделство да го потсети командирот на шумската полиција дека е службено лице кое поседува оружје и не смее да се заканува

Михаилов: Министерот за земјоделство да го потсети командирот на шумската полиција дека е службено лице кое поседува оружје и не смее да се заканува

Кире Михаилов од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа треба да го испита случајот со командирот на шумската полиција кој се заканува на граѓаните, а истиот поседува и оружје.

-Министре Arjanit Hoxha, да му објаснеше на ова “командирчево” твое дека е службено лице кое поседува оружје и дека вака јавно со закани не може, а ?!?

За одговорност, не му се секирај, ќе дојде ден ќе си одговара секој, затоа ти предлагам согласно закон да си преземеш се што треба оти непостапувањето повлекува и твоја одговорност, ако се разбираме де …
И не само тоа, пренеси и на Аница оти во иднина сите службени дејанија на овој “тепач” ќе бидат предмет на проверки и јавно експонирани затоа што очигледно човекот си има конкретни таргети и тенденциозни намери кон одредени луѓе, а кои се косат со неговите овластувања!

За крај, ако веќе сака да си го сработи она за кое е платен од наши, народни пари, ене му ја патеката на последната слика каде секојдневно неговите “другари” додека тој се заканува на ФБ слободно низ Крушево пренесуваат бесправно посечени и не жигосани огревни дрва и ја пустошат шумата на очиглед на целата јавност!

Од мене до тука, а од тука натаму, ти си знаеш …, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Министре Arjanit Hoxha, да му објаснеше на ова “командирчево” твое дека е службено лице кое поседува оружје и дека вака…

Posted by Kire Mihailov on Четврток, 18 март 2021

Најнови вести