среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Михаилов: Тодоров, знаеме дека Мијалков ти ја даде палката од Заев да продолжиш да го рушиш ВМРО

Михаилов: Тодоров, знаеме дека Мијалков ти ја даде палката од Заев да продолжиш да го рушиш ВМРО

Се моли новиот Мијалков алијас ТодороФ да не збори за Европска Македонија, зошто со Заев под рака работеа за Северна. Гледаме дека ботовите организирани од неговото вонпартиско дувло се впрегнати до максимум, но бришењето на коментари на неговиот пост не го бришат неговиот срам, пишува на својот Фејсбук профил, Кире Михаилов.

„Второ и не помалку важно, знаеме дека не може да ја сокрие среќата и ситењето што Заев и денес е премиер, но и на таа среќа ќе и дојде крај. Заев не е сам во среќата со византиските игри, тука е ТодороФ викан министер смрт заедно да се радува.

Трето, ТодороФ знаеме дека Мијалков ти ја даде палката од Заев да продолжиш да го рушиш ВМРО, ама земи здив и размисли, после искористувањето од Заев, и ти ќе завршиш неславно, ако не веруваш, прашај го Мијалков.

А ако сепак на крај добиеш милост од Заев, тогаш никако нема организацијата да ти го прости предавството“, пишуава тој.

Најнови вести