четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Михајлоски: Новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ е победа на идејата за реформи во партијата

Михајлоски: Новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ е победа на идејата за реформи во партијата

Александар Михајлоски од ВМРО-ДПМНЕ, на својата фејсбук страница напуша статус во кој им честита на сите членови кои биле упорни и истрајни во реализација на идејата за реформи во партијата.

„Новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ е победа на идејата за реформи во партијата.

Непосредната демократија во избор на органите, ограничениот број на мандати, одговорноста и отчетноста, воведување на иницијативите како статутарна форма, формирање на Патриотски институт, Форум на интелектуалци, Унија на ветерани и други тела и органи ќе ја зајакнат внатрепартиската демократија и ќе ја отворат можност инклузивно низ органите и телата да дојде до конкуренција на најдобрите идеи.

Се надевам дека овој пример ќе го следат и другите политички партии.

Им честитам на сите членови кои беа упорни и истрајни во реализацијата на оваа благородна идеја.“

Најнови вести