Преспанскиот договор не е добар за Република Македонија, а оваа Влада е апокалиптична смета Томи Михајловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој гостува во емисијата „Отворено на Алфа“.
-Преспанскиот договор не е добар за Република Македонија, а можеби е добар за Северна Македонија. Без минато, немаме иднина. А Северна Македонија нема да е наша татковина. Големината во претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се состои и во тоа што се залага и со сите сили се бори за зачувување на идентитетот. Подеднакво силно се бори со секој граѓанин што не сака да стане северно-македонец. Оваа Влада е апокалиптина, вели Михајловски.