сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милчин: Јас не сум дел од власта и мислам дека имам апсолутно право да не го употребувам тоа новото име на државата, за мене државата се вика Македонија

Милчин: Јас не сум дел од власта и мислам дека имам апсолутно право да не го употребувам тоа новото име на државата, за мене државата се вика Македонија

Јас не сум дел од власта и мислам дека имам апсолутно право да не го употребувам тоа новото име на државата. И во Југославија кога живеев не викав Социјалистичка Федеративна Република Југославија, туку викав Југославија. Ниту пак сум викал Социјалистичка Република Македонија, туку само Македонија. Американците кога говорат не викаат Соединети Американски Држави, викаат Америка или САД. Кај нас тоа СРМ е многу гротесно бидејќи може да знаци Социјалистичка Република Македонија“, рече Владимир Милчин при гостување во „Само Интервју“.

Милчин додаде дека граѓаните немаат никаква обврска при говорење да го изговараат новото име на државата.

„Новото име е вештачко и тешко фаќа корени“, нагласи Милчин.

Милчин посочи дека како со новото име така и компромисите со Бугарија се тешки за да се иџвакаат, и граѓаните нема да ги прифатат. -Нема да поминат и компромисите со Бугарија, нема да може власта да ги спроведе. И најтрпеливите народи имаат праг, власта треба да знае.

Најнови вести