четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милчин со порака до власта: Доста не мафтосувате, набавете вакцини па ќе се пријавиме

Милчин со порака до власта: Доста не мафтосувате, набавете вакцини па ќе се пријавиме

Се уште не сум се пријавил за вакцинирање, ама тоа не значи дека не сакам да се вакцинирам, само не сакам некој да ме прави будала и да ме тера да се пријавувам кога не е јасно кога ќе има вакцини. Тоа е тој марифетчиски начин, пријавете се вие, а кога ќе има вакцини отом потом, рече Владимир Милчин на „Само интервју“.

Миличин додаде дека тој не сака да биде кукла на оваа власт и да се играат со него како тие што сакаат.

„Набавете вакцини па ќе се пријавиме, тоа е барем лесно. А не да не мафтате, да не мафтосувате. Доста беше мафтосување“, нагласи Милчин.

Најнови вести