вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Димитров слика има, тон нема, во Македонија за разлика од ЕУ министрите бегаат од собранието

Милошоски: Димитров слика има, тон нема, во Македонија за разлика од ЕУ министрите бегаат од собранието

„Собранието во секоја членка на ЕУ секогаш е место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните национални прашања! За жал во Македонија министрите бегаат од Собранието и пратениците.

Затоа и макетата на вицепремиерот Димитров е вистинската слика за владините министри во Собранието, слика има, тон нема!

Пратениците од власта денес не прифатија на дневен ред да се стават и да се усвојат следниве заклучоци кои се однесуваат на македонско-бугарскуте односи и ризикот од блокада на евроинтеграциите:

1.Собранието ги осудува позициите содржани во Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во контекст на проширувањето и македонските евроинтеграции, како спротивни на Повелбата на Обединетите нации од 1945-та година, во која една од целите е развивање на “пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите”, право кое неделливо му припаѓа и на македонскиот народ

2. Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ, до Европската Комисија и до Европскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓувладина македонско-европска конференција.

#КомисијаЗаНадворешнаПолитика
#СликаИмаТонНема“

Фејсбук статус на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести