понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски до Димитров: Додека илјадници медицински сестри си ја работат работата изложени на ризик, размазениот министер ги потценува сите

Милошоски до Димитров: Додека илјадници медицински сестри си ја работат работата изложени на ризик, размазениот министер ги потценува сите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски преку статус на Фејсбук пишува дека додека илјадници медицински сестри си ја работат својата работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата скромна плата, размазениот министер ги потценува со оправдание дека не сакал да дојде да одговори на две прашања во Собранието.

-Размазениот МИНИСТЕР
не сакал да го загрозува своето здравје, за да си ја работел работата?! Колку лицемерно, кога се знае дека дел од неговата висока министерска плата, со личен шофер и службено возило ја зема за да работи, меѓу другото, и за давање отчет и пред пратениците, со присуство во Собранието.
Додека илјадници медицински сестри си ја работат својата работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата скромна плата, размазениот министер ги потценува со оправдание дека не сакал да дојде да одговори на две прашања во Собранието. Срамота!
Додека илјадници касиерки во самопослуги, новинари, аптекари, келнери, заболекари и службеници се присутни на работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата плата, министерот кој зема пет пати повисока плата од нив, не можел да дојде до Собрание на еден час и да им објасни на пратениците што преговарал со Бугарија?!
Додека заменикот министер за финансии може 5 дена да седи со пратениците во Собранието и да го брани ребалансот на буџетот од кој ќерката на размазениот министер зема висока стипендија од 40.000 евра годишно, овој нежниот и своите колеги министри ги понижува со изговорот дека не сакал да дојде во Собрание да не се заразел.
Но, порано или покасно, сите министри ќе дојдат во Собрание, па и најразмазениот, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Размазениот МИНИСТЕР

не сакал да го загрозува своето здравје, за да си ја работел работата?! Колку лицемерно, кога се…

Posted by Antonio Miloshoski on Thursday, November 5, 2020

Најнови вести