среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Кочничари на евроинтеграциите се оние кои што една година го држеа во фиока ова прашање за уставните измени

Милошоски: Кочничари на евроинтеграциите се оние кои што една година го држеа во фиока ова прашање за уставните измени

„Кочничари на евроинтеграциите се оние кои што една година го држеа во фиока ова прашање за уставните измени. Ги прифатија условите од Софија во јули минатата година, а на гласање го ставија дури во август 2023 година, СДС, ДУИ, Алијанса, ЛДП и НСДП. Да беа тие луѓе на кои што им се брзаше и кои што беа сигурни дека прават правилен потег, немаше на 18-ти август 2023-та година да се гласа за уставните измени за Дневниот ред, туку ќе се гласаше во септември 2022 година“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Милошоски додаде дека се гледа дека Ковачевски не е способен бидејќи нема легитимитет, нема авторитет, тој не е премиерот во владата. Се знае дека ДУИ е премиер во Владата.

„Заради таа своја неспособност, Ковачевски одолговлекува и чека некој од страна да му ги реши проблемите што тој ги создал“, нагласи Милошоски.

Тој посочи дека меѓународните соработници сфаќаат дека македонската Влада во овој момент го има изгубено кредибилитетот кај македонските граѓани по однос на евроинтеграциите, и по однос на темите за здравство, образование, корупција, инвестиции итн.

Милошоски нагласи дека Ковачевски, Маричиќ и Османи прифатиле да се смени Уставот на Македонија само за да се почнат преговорите без потоа да е сигурно дека во следните години нема Македонија да има блокади од Софија.

„ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма ќе понуди поголема извесност на евроинтегративниот процес, заштита на достоинството од сите овие понижувања кои што ги прави СДС и ДУИ во однос на Софија и истовремено економска поддршка за државата да може да биде конкурентна кога ќе ги унапредува своите сектори во сите области“, рече Милошоски.

Тој укажа дека на Македонија и е потребно да има сигурен и извесен пат кон евроинтеграциите, да нема непредвидливи блокади, државата да добие економска поддршка. Но исто така Македонија да добие од страна на Софија гест, постапка која што ќе значи почитување на македонското достоинство, идентитет.

Најнови вести