сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски на Сител: Потребно е редефинирање на европските интеграции на Македонија, СДСМ потпишаа капитулација

Милошоски на Сител: Потребно е редефинирање на европските интеграции на Македонија, СДСМ потпишаа капитулација

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за „Тема на денот“ на Сител истакна дека потребно е редефинирање на европските интеграции за Македонија, бидејќи со ваква преговарачка рамка и услови СДСМ потпиша капитулација, а Бугарија може да не условува кога сака.

– За процесот да биде посигурен, ако целта ни е сериозна за да се движиме кон Брисел, нам ни треба редефинирање на процесот за да може да биде истиот од корист и за Македонија и за Европската Унија. Доколку ние сега го смениме уставот и отвориме преговори, влегуваме во неизвесен процес каде ќе следува второто, трето, или шесто вето. Таков процес на неизвесност на Македонија не и е потребен. Ако ЕУ е сериозна и сака регионот да се движи во ЕУ, ако во Македонија има демократска, легитимна и сериозна влада којашто исто така ја споделува таа вредност може да се најде заеднички јазик, рече Милошоски.

Тој додаде дека Македонија во моментов е повеќе ранлива и по други основи, отколку тие кои Бугарија ги злоупотребува за сегашни и идни блокади, како што е правосудството на пример.

-Доколку државата е сериозна и ЕУ има сериозна и искрена намера, тогаш оваа преговарачка рамка и овој услов е влегување во неизвесност. Никој не гарантира дека Бугарија нема да стави вето за историско прашање. ВМРО-ДПМНЕ има план да се подобрат околностите во кои Македонија би ги продолжила европските интеграции. Да има поголема извесност за процесот да не зависи од историските желби на Бугарија, да имаме посериозна финансиска поддршка од страна од страна на ЕУ да бидеме поподготвени за влез на европски пазар и подостоинствени услови како македонски народ, изјави тој.

Најнови вести