вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Оставката на Заев е потврда дека политиките на владата се неуспешни

Милошоски: Оставката на Заев е потврда дека политиките на владата се неуспешни

Најчесто во партиите кога има избори освен првиот човек што се случувало и претходно, по однос на партиската хиерархија, одговорност понесува и шефот на Изборниот штаб по правило и тоа би требало да биде ако има некоја аналогија на нештата да биде шефот на изборниот штаб на СДСМ Љупчо Николовски, вели Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Милошоски истакна дека прашање е дали со оставката Заев сака да прикрие нечија одговорност се со цел во иднина оние лица кои ќе ги прикрие да му бидат добри чувари во рамки на партијата имајќи во предвид дека тој и во минатото најавувал оставка од позицијата, но не го одржал зборот.

-Но, прашање е дали Заев со неговата оставка сака да покрие и нечија друга одговорност за во иднина да може тие кои што ќе ги покрие во иднина да му бидат добри чувари на грбот во рамките на партијата, рече тој.

Милошоски потенцираше дека со самиот чин на оставка, Заев  признал дека политиките кои што ги водеше владата изминатиот период се неуспешни, додавајќи дека се согласува со изјавата на претседателот на ЛДП и коалициски партнер на СДСМ, Горан Милевски дека одговорност треба да понесат сите министри.

-Заев сепак со овој чин што го направи, тој самиот го призна она што беше јасно, дека политиките на владата се неуспешни и констатацијата на претседателот на ЛДП Горан Милевски дека треба да има нова влада со нови министри, дека сите треба да ја понесат одговорноста, сметам дека е правилно. Но, не сум сигурен дека сите коалициони партнери тоа ќе го испочитуваат, или дека одговорноста ќе ја сподели секој министер кој што водел одреден ресор, објасни тој.

Милошоски вели дека апсурдно е Заев да го пренесува неговиот изгубен легитимитет на друг човек, додавајќи дека само народот може да одлучува за тоа кој ќе има легитимитет да ја води владата.

-За големи проекти од ваков калибар, не може еден политичар кој што оценил дека го изгубил легитимитетот како Зоран Заев сега да го пренесе легитимитетот на некој друг кој што ќе биде избран за премиер. Тоа е апсурд затоа што тој што го изгубил легитимитетот го изгубил легитимитетот од народот. Народот може да даде на нов човек легитимитет, не може вие да го префрлите вашиот изгубен легитимитет на новиот премиер кој што ќе биде заеднички усогласен, изјави Милошоски.

Најнови вести