петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Третиот неформален премиер кој што се занимава со тендери на неформален начин е Вице Заев, поради него граѓаните ќе плаќаат поскапа струја

Милошоски: Третиот неформален премиер кој што се занимава со тендери на неформален начин е Вице Заев, поради него граѓаните ќе плаќаат поскапа струја

Денес пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски при остварената посета на граѓани во Охрид одговараше на прашања на медиуми. Едно од прашањата на медиумите беше за аферата со рекетот од 250.000 евра.

– Во државава имаме тројца премиери, еден премиер е Заев, другиот е прв вицепремиер Артан Груби, а третиот неформален премиер кој што најчесто се занимава со тендери на неформален начин е Вице Заев. И во случајот на РЕК очигледно е дека тогаш формален директор на РЕК бил Васко Ковачевски, а неформален оној кој што се занимавал со тендерите и кој колку треба да плати за да изврши некоја набавка бил Вице Заев. И во државата е јасно која е неговата улога, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека Вице може да демантира колку што сака, но колку повеќе демантира толку повеќе станува јасно дека од РЕК се направи една фирма која што заедно со ЕСМ во 2016-та година беше во добивка од 13 милиони евра за денес да биде во загуба од 16 милиони евра. Се има кусок од 29 милиони евра за кои што одговорни се Васко Ковачевски, и неформалните неговите соработници како Вице Заев и други. И народот ќе ја плати таа цена со зголемена односно поскапена цена на струја.

– За, жал државата ја плаќа цената со хибриден режим и 111-то место на „Транспаренси Интернешнл“ за корупција, бидејќи тие што се занимаваат со следење на корупција знаат која е улогата на братот на премиерот, нагласи Милошоски.

Најнови вести