понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Владата го крие од пратениците и јавноста нон пејперот кој го договараат со Бугарија и ја кријат вистината дека не се преговара за јазикот и идентитетот

Милошоски: Владата го крие од пратениците и јавноста нон пејперот кој го договараат со Бугарија и ја кријат вистината дека не се преговара за јазикот и идентитетот

Од појавувањето на Бујар Османи пред Комисијата за надворешна политика, до денес имаме информации дека има веќе нацрт документ или така наречен „нон пејпер“ кој циркулира на релација Софија – Скопје и за кој во тек се и двајцата премиери и двајцата министри за надворешни работи. Очигледно е дека во овој момент Ковачевски не е спремен да ги покаже нацрт документите и тој „нон пејпер“ кој македонското МНР го има и го преговара со бугарското МНР, изјави Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Само интервју“ на Канал 5.

Милошоски посочи дека бугарската влада, дали кога ќе биде повикана кај претседателот Румен Радев или во Народното собрание се појавува на тие седници и дава образложение и меѓусебно се информираат и градат став, но македонската влада тврди дека е отчетна и транспарентна, но кога ќе ги повикате во Собрание не се појавуваат.

– Според Уставот, владата треба да биде отчетна во Собранието кое има улога во надворешната политика и би било добро да се појават и можеби таму ќе добијат корисна идеја, можеби ќе се изгради и заедничка позиција, која во моментов недостасува. Затоа сметам дека појавувањето во собрание може да биде добро за процесот. Ние ги повикуваме во Собрание на тема на која и претходниот премиер беше во Собранието. Кога имаше нацрт договор во 2017 во јули Заев се појави во Собранието на затворена седница разговаравме на таа тема, изјави Милошоски.

Тој истакна дека владата која не сака да се појави во Собрание, макар и на затворена седница, нешто крие, влада која крие нешто од пратениците како избраници на народот, тоа значи дека крие и од јавноста.

– По однос на македонскиот јазик и идентитет, владата тврди дека тоа не е спорно и не се преговара, а во исто време Македонија се уште го нема потпишано договорот со Фронетекс, европската агенција за обезбедување на граници, само заради тоа што Бугарија се противи да не стои македонски јазик, што значи дека владата не ја говори вистината кога тврди дека не се преговара за јазикот, изјави Милошоски.

Најнови вести