среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Заев и Димитров, за да се одржат на власт, во август 2017-та потпишаа лош договор со Бугарија

Милошоски: Заев и Димитров, за да се одржат на власт, во август 2017-та потпишаа лош договор со Бугарија

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ порачува дека Заев и Димитров, за да се одржат на власт, во август 2017-та потпишаа лош договор со Бугарија и затоа денес:

    1. Македонија е попонижена од било кога
    2. граѓаните ни се поподелени и позагрижени од било кога, а поларизацијата во општеството и на политички, и на медиумски, и на социјален план ги достигнува нависоките пикови
    3. проблемите со соседите ни стануваат се побројни, задираат во идентитетот на Македонците и нивните човекови права
    4. ветеното ЕУ членство од страна на Заев се разобличува како предизборна манипулација и станува се понедостижна цел
    5. заради изјавите на Заев сите политичари и дипломати во регионот не’ земаат на потсмев, а и во македонското општество Заев станува фактор на недоверба меѓу поголемиот број граѓани
    6. Владиниот тим нема капацитет да понуди излез од оваа политичка и економска криза и да изгради широк политички и национален консензус за нова стратегија за стабилен напредок и функционални институции.

-Во вакви услови, кои се дополнително обремените со несоодветното менаџирање на КОВИД-19 пандемијата, едно од можните решенија е оваа Влада да поднесе оставка, а по сериозни консултации во Собранието и јавноста, да се формира експертска влада составена од стручни луѓе во секоја област, која би добила широка општествена доверба и поддршка за спроведување на план за излез од актуелната криза, истакна тој.

Најнови вести