недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Земјоделците се изложени на многу големи трошоци, тие не се рентабилни, а власта само го девалвира авторитетот и ефикасноста на институциите

Милошоски: Земјоделците се изложени на многу големи трошоци, тие не се рентабилни, а власта само го девалвира авторитетот и ефикасноста на институциите

Денес сме во посета на Радовиш и на десет села во радовишката околина. Прво луѓето во Радовиш се загрижени што државата и многу институции почнуваат повеќе да се разградуваат, за жал власта дејствува на таков начин што го девалвира авторитетот и ефикасноста на институциите, истакна пратеникот Антонијо Милошоски при теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“.

„Втората работа е што ги загрижува сите граѓани без разлика политички кој каде припаѓа е големата инфлација. Таа сериозно го нарушува стандардот на пензионерите, вработените, студентите во цела околина“, рече Милошоски.

Тој истакна дека власта кон помалите општини особено тие каде опозицијата има градоначалници власта ги има тотално запоставено.

„Во земјоделието имаме 2 до 3 пати зголемени цени на репроматеријали, оние кои се занимаваат со земјоделие се изложени на многу големи трошоци и не можат да бидат рентабилни во пласманот и производството на земјоделските производи“, изјави Милошоски.

Најнови вести