вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Минатата година такси користеле 31.182.000 патници

Минатата година такси користеле 31.182.000 патници

Во 2017 година со вкупно 2.496 патнички такси автомобили се превезени 31.182.000 патници од кои 28.278.000 во градскиот и 2.904.000 во меѓуградскиот превоз.

Со истиот број возила се остварени вкупно 85.776.000 километри од кои 72.401.000 во градскиот и 10.375.000 во меѓуградскиот превоз.

Според Државниот завод за статистика, со истражувањето за такси-превоз се опфатени 2.496 патнички автомобили од 217 извештајни единици.

Најнови вести