Денеска во Париз, министерката за одбрана Славјанка Петровска беше пречекана со официјална церемонија со воени почести и интонирање на македонската и француската химна. Таа има средба со францускиот министер за вооружени сили, Себастиен Лекорну.
Министерката Петровска се појави во елегантно издание. Минимална шминка беше нејзиниот избор за денеска, а пак се реши за брановидна форма на косата.
Син мантил со впечатливи златни копчиња, во комбинација со кремови ниски потпетици беше денешниот избор на облека на министерката во Париз, Франција.