петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Министерот за економија ја започна прес-конференцијата на албански јазик

Министерот за економија ја започна прес-конференцијата на албански јазик

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција на која ја претстави Програмата за конкурентност, иновативност и претприемништво, се обрати прво на албански јазик.

Прашан зошто денешната прес-конференција ја почна на албански јазик, министерот Бектеши потенцира дека од денеска и албанскиот јазик е официјален.

Од денеска официјални јазици во Република Македонија се македонскиот и албанскиот јазик, имајќи во предвид дека над 20 отсто од населените зборува албански јазик и тоа е објавено во Службен весник со новиот Закон за јазици, рече Бектеши.

Нагласи дека и претходно прес-конференциите некогаш ги почнувал на албански, а некогаш на македонски јазик.

Тоа не кажува ништо. Ние треба да се разбираме едни со други, имајќи во предвид дека јас и додека не беше објавен Законот за јазиците за нашите медиуми и за нашите граѓани сум се обраќал на албански јазик, така ќе продолжам и во иднина, нагласи Бектеши.

 

Најнови вести