петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерство за одбрана: Немаме планови за враќање на задолжително служење на воен рок

Министерство за одбрана: Немаме планови за враќање на задолжително служење на воен рок

Армијата на Република Македонија е целосно професионална Армија и досега нема никакви планови, ниту консултативни процеси за враќање на задолжителното служење воен рок, информираа денеска од Министерството за одбрана.

Одлуката за професионална војска, наведуваат од МО, ќе продолжи да се применува, истовремено исполнувајќи ги сите обврски на државата кои произлегуваат од членството во Алијансата.

-Министерството за одбрана е институција во која секој професионалец има право, можност, но и обврска да го каже својот став и истиот да биде слушнат. Ако постои интерес во јавноста, Министерството е отворено да дискутира за секое прашање, вклучително и ова, се вели во соопштението од МО.

Најнови вести