четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерство за правда ќе инсталира ИКТ опрема во пет основни судови

Министерство за правда ќе инсталира ИКТ опрема во пет основни судови

Министерство за правда најави дека од денеска почнува со процесот на инсталирање ИКТ опрема во пет основни судови, како дел од Оперативниот план за дигитализација на правосудството.

По тој повод денеска во Основниот суд во Кавадарци во 13:00 часот ќе се одржи настан на кој ќе се обратат министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и претседателот на Советот за координација на ИКТ во правосудството и претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев.

– Настанот е во организација на Министерството за правда во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Здружението за кривично право и криминологија во Македонија, стои во соопштението на Министерството за правда.

Најнови вести