четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мирен протест против Договорот за името пред Собранието

Мирен протест против Договорот за името пред Собранието

Група граѓани и вечерва мирно протестираа пред Собранието на Република Македонија против Договорот со Грција за решавање на спорот со името.

Учесниците на протестот повикаа на одбрана на уставното име и истакнаа дека Договорот е против македонските државни интереси.

Договорот е штетен и спротивен на Уставот и затоа треба да биде отфрлен, а најавениот референдум треба да се бојкотира, порачаа граѓаните од импровизираната бина поставена на крстосницата од улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“.

МИА

Најнови вести