Иако мирниот марш кој ВМРО-ДПМНЕ денес го организира во Струмица е уредно пријавен, на терен се забележува зголемено присуство на полициски екипи.
Со заштитна ограда е намален просторот пред општинската зграда, а засилен е бројот на полицајци кои со штитови, панцири и шлемови ја обезбедуваа зградата.
Граѓаните кои се таму со чудење се прашуваат зошто е потребно толкаво полициско обезбедување против народот кој денес е собран во Струмица на мирен марш.