среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Ако власта има толку големо срце нека ги прими Авганистанците дома

Мисајловски: Ако власта има толку големо срце нека ги прими Авганистанците дома

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во интервју за МРТ од страна на новинарот беше прашан во врска со Авганистанците кои што Македонија треба да ги прими, односно дали е променет неговиот став.

Потпретседателот Мисајловски одговори:
– Ако толку имаат големо срце за да примаат илјадници или стотици Авганистанци нека ги примат дома.

Тој посочи дека Македонија е земја каде што навистина има сиромаштија,која што се справува со еден куп проблеми, и во каде што секоја недела слушаме се повеќе и повеќе бројки на бегалци и мигранти што ќе пристигнат во Македонија.

– Ние сме држава која што треба да помага но со волку големи бројки? Погледнете ги европските држави не примаат толку многу бегалци. Дали мора, дали е некој политички притисок, умилкување кон некого, останува да видиме, но да кажуваат дека само они имаат срце а целиот народ нема срце мислам дека не е коректно, појасни тој.

Целосното интервју за МРТ на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски може да го погледнете ТУКА.

Најнови вести