Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното свое гостување побара одговори од сите гости во емисијата кои што се за францускиот предлог што точно ќе содржи бугарската изјава во врска со македонскиот јазик.
Мисајловски исто така го запраша пратеникот од редовите на ДУИ Арбр Адеми, зошто и Албанија нема ваков услов.
-Претходни рековте дека постои услов, а истото ми го спомнавте и на паузата, што значи таа фуснота и што ќе содржи изјавата на Бугарија за македонскиот јазик? Еве зошто Албанија нема таков услов за почеток на преговорите? го запраша Мисајловски својот колега од ДУИ.