четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски до својот колега од СДСМ: Во предлогот пишува еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик, се бара и промена на Уставот

Мисајловски до својот колега од СДСМ: Во предлогот пишува еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик, се бара и промена на Уставот

Во предлогот пишува еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик, се бара и промена на Уставот истакна вечерва во своето гостување на Телевизија 24 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Аргументирано да гледаме и да се договориме, не само вака со општи тези дека ова е добар предлог и слично. Во предлогот пишува еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик. Конкретно, ако е транспарентна постапката ве прашувак каква е таа изјава, што ќе стои во таа изјава од Бугарија и што ќе стои тоа во македонската страна и зошто не биде објавено, што ќе има во Протоколот, тоа е важно. Доколку вие ова го поминете на Влада и го испратите во Брисел, Албанија ќе ги почне преговорите, зошто ние не ги почнуваве?! Во овие документи стои, дека мора да се промени Уставот, му реплицираше Мисајловски на својот колега Перо Костадинов од СДСМ.

Претходно Мисајловски истакна дека протестите се граѓански на на нив не учествуваат само членови на политички партии.

-На протестот нема само членови од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, таму има и членови од сите партии, има луѓе што се аполитични, луѓе што прв пат ги гледам јас, но може да видиме и активисти на СДСМ или членови од нивното бишво раководство. Овој протест е граѓански. Ние веќе неколку дена протестираме, јас пред малце бев таму тука само што дојдов и повикуваме на разум. Еве повикавме на неколку барања, побаравме лидерска средба, односно средба да се разговара за клучните работи во овој предлог кој што не е прифатлив за нас. Граѓаните се револтирани затоа што ова се прави под маса, се прави многу брзо се прави недоволно транспарентно, истакна Мисајловски.

Најнови вести