четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Ги погледнав во очи моите сограѓани и побарав поддршка, а за возврат ветив дека нема да дозволам да се срамат од нас

Мисајловски: Ги погледнав во очи моите сограѓани и побарав поддршка, а за возврат ветив дека нема да дозволам да се срамат од нас

Ова попладне сум во моето единствено Ѓорче Петров.

Се видов со моите пријатели, соседи, роднини, сограѓани со кои секојдневно неформално се среќавам. На преубавата средба присутен беше и идниот премиер на Република Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Христијан Мицкоски. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Бојан Стојаноски, Рашела Мизрахи и Наташа Менкиновска се обративме пред нашите ѓорчепетровци, се обративме пред луѓето кои ни се најголемата поддршка.

Ги погледнавме в очи и искрено побаравме поддршка, а за возврат се обврзавме дека никогаш нема да дозволиме никој да се срами од нас и нашите постапки. Напротив, ќе бидат горди на сите нас, бидејќи ние ќе бидеме мостот помеѓу нив и Собранието на Република Македонија, мостот помеѓу проблемите и решенијата.

Се заветивме пред цело Ѓорче Петров дека победата ќе започне токму од тука, токму од моето, нашето Ѓорче. Обновата започнува и назад враќање нема. Обновата ќе победи во Ѓорче Петров, ќе победи во цела Република Македонија! ??

#ОбноватаПобедува #Заокружи14

Најнови вести